Охрид, 23. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Атлетичарот на АК „Охрид“, македонскиот репрезентативец Јован Стојоски постави нов државен рекорд на 400 метри со пречки.
На Балканското првенство за сениори што се одржа во Волос, Грција, патеката ја истрча за време од 51.78 секунди, подобрувајќи го сопствениот рекорд од 52.23 секунди поставен пред само една недела.
Со подобрувањето на личното време од речиси половина секунда, Стојоски ја потврди неговата одлична форма но и фактот дека е меѓу најдобрите атлетичари на Балканот во дисциплината 400 метри со пречки.
Јован Стојоски е македонски рекордер во 9 атлетски дисциплини.
За потсетување, во 2024 година, на Меѓународен митинг во Марибор, тој го собори државниот рекорд на 400 метри со пречки стар 44 години. Патеката ја истрча за време 53.65 секунди соборувајќи го рекордот на Бранко Илиевски (55.11), поставен во далечната 1980 година. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
