Ниш, 20. август 2014 (ИНПРЕС) – Автобус на „Сокопревоз“, кој сообраќал Сокобања до селото Раденковац излетал од патот, јави РТС.
Истиот извор додава дека има загинати патници, а неколку лица биле повредени.
На местото на несреќата веднаш пристигнале четири противпожарни возила, заедно со екипи на Итна помош и полицијата.
Неофицијално, на автобусот му откажале сопирачките. РТС јави дека на возачот на автобусот, до сега во два наврати му била одземана возачката дозвола. (Крај)
извор: РТС фото: архива
