Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Бакојани и Коѕиас во кавга поради поранешната амбасадорка во Скопје, Пападопулу

Бакојани и Коѕиас во кавга поради поранешната амбасадорка во Скопје, Пападопулу

Атина, 7. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Жестока кавга избила меѓу шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, и неговата претходничка, Дора Бакојани, поради поранешната амбасадорка на Грција во Македонија, Александра Пападопулу, јави Мета.

Причината за политичката расправија е одлуката на Коѕиас да ја повлече Пападопулу од позицијата постојан грчки претставник во ЕУ.

Бакојани остро го критикуваше за оваа одлука, коментирајќи дека сака да исклучи искусен дипломат од клучна позиција поради лични мотиви. Пратеничката на Нова демократија и поранешна шефица на дипломатијата, побарала од Коѕиас да ја задржи Пападопулу на позицијата. Според информациите, меѓу Коѕиас и Пападопулу владеела затегната клима и грчкиот министер писмено ја информирал дека ја повлекуваат од позицијата во Брисел кусо пред изборите. Меѓутоа, пред да има можност да ги спакува куферите, Пападопулу добила наредба од привремениот министер за надворешни работи, Петрос Моливијатис, да остане таму бидејќи било несфатливо во толку критичен момент Грција да остане без свој претставник во ЕУ.

По повторниот реизбор на владата на Ципрас, Коѕиас одново наредил Пападопулу да се повлече од позицијата во Брисел. Според информациите во грчките медиуми од извори на грчкото МНР, Коѕиас инсистира на нејзина замена поради незадоволство од нејзините активности за време на седуммесечните преговори со европските кредитори, додека, пак, други коментираат дека незадоволството на Коѕиас се должи на фактот што Пападопулу пренесувала информации на соработници на Самарас и на функционери на Нова демократија од преговорите со европските кредитори. (Крај)

извор: Мета фото: архива

Post navigation

Previous Вечерње новости: Кери инсистира Косово да влезе во УНЕСКО
Next Амбасадорот на Албанија во Белград одбил да прими протесна нота

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.