Скопје/Атина/Тирана, 26. февруари 2016 (ИНПРЕС) – Четири илјади бегалци од Сирија, Ирак и од Авганистан во камперски шатори преспиваат кај Идомени, Грција, чекајќи да им биде дозволено да влезат во Македонија.
Денеска само на 150 бегалци им е дозволено да влезат во Македонија, бидејќи на толку бегалци српските гранични власти им дозволиле да отпатуваат кон кампот во Шид. Но, за остатокот од бегалците кои чекаат влез, барем делумно, тоа е невозможно. Ако имаат документ за лична идентификација со фотографија можат да влезат само бегалците од Ирак и Сирија. Тие кои немаат нерви да ја издржат политичката игра со граничните проблеми, но и бегалците од Авганистан на кои од минатата недела не им е дозволено слободно да патуваат по бегалската траса, веќе најдоа нов начин како да заминат од Грција кон Европската Унија.
Албанскиот министер за интеграција Клајда Гјоша за албанската државна телевизија изјави дека се зголемува бројот на бегалците од Сирија кои чекаат да влезат во Албанија на грчко-албанската граница.
Од јули минатата година, според албанските власти, се откриени и вратени во Грција стотина бегалци кои илегално сакале да влезат во Албанија, а од таму да заминат во Италија. (Крај)
извор: Плус Инфо фото: архива