Вашингтон, 14. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Обвинителите и советници на американското Министерство за правда соработуваат со странски влади на Балканот, Северна Африка и на Блискиот Исток со цел изнаоѓање на џихадисти кои се враќаат од сирискиот фронт, изјави американскиот министер за правда Ерик Холдер.
Меѓу балканските земји, кои соработуваат со САД се Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Албанија.
Целта е да им се помогне на овие земји да иницираат кривична постапка против лицата кои се враќаат од Сирија и да се обезбеди соодветен статут за тоа, рече Холдер.
Неодамна, беше издадено предупредување за огромен пораст на бројот на нови џихадисти кои доаѓаат во Сирија. (Крај)
извор: АП фото: архива







