September 4, 2015

Загреб, 4. септември 2015 (ИНПРЕС) – Хрватскиот план да ги конвертира кредити во швајцарски франци ги крши законите на ЕУ и билатералните договори за инвестиции, тврадат за „Блумберг” најголемите странски банки кои работат во Хрватска.

Банкарските групации Ерсте груп, Уникредит, ОАО Сбербанк, Рајфајзен банка и Хипо груп Алпе Адриа АГ најавја дека ќе ја тужат хрватската влада ако не го повлече законот за конвертирање на кредити во евра, се вели во заедничката изјава што ја пренесува „Блумберг”.

За разлика од претходните неслужбени информации, наводно сега е одобрено главниците од кредитите да се конвертираат по курс на денот на исплатата на кредитите. (Крај)

извор: МИА фото: архива