Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Бан Ки Мун во посета на Грција

Бан Ки Мун во посета на Грција


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Атина, 11. јуни 2016 (ИНПРЕС) – Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, од 17 до 19 јуни ќе ја посети Грција со широка агенда која ги опфаќа бегалската криза, спорот за името и кипарското прашање.

Прва станица на Ки Мун ќе биде Атина каде ќе се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас и претседателот Прокопис Павлопулос, средби на кои може да се очекува да се покрене прашањето околу преговорите меѓу Македонија и Грција за спорот за името.

Следниот ден, 18 јуни, Ки Мун ќе замине за Лезбос на покана на градоначалникот Спирос Галинос. На Лезбос, островот каде има и најголем број бегалци, околу 4000 Ки Мун ќе го посети бегалскиот центар, ќе има средби и разговори со бегалци, баратели на азил, но и со волонтерите и невладините организации со цел да добие слика какви се условите за живот и ситуацијата на бегалците во грција. Тој ќе се сретне и со градоначалникот Галинос, кој е под голем притисок на граѓаните да најде начин да ја нормализира и смири бегалската ситуација на островот која последниот период е тензична поради зачестените инциденти и судири меѓу бегалците, во кои пред една недела изгоре половина од бегалскиот центар. Ки Мун најави дека посетата е со цел да изрази солидарност со бегалците, но и се испитаат условите и ситуацијата во која се наоѓаат луѓето во бегалските центри во Грција во пресрет на септемврискиот меѓународен состанок за бегалската криза во ОН. (Крај)

извор: Локално фото: архива

Post navigation

Previous Средба на Шешељ и Вучиќ: Интеграција со Русија како услов за влез во владата
Next Протести против приватизацијата во Грција

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.