September 16, 2015

Вашингтон, 16. септември 2015 (ИНПРЕС) – Пристапувањето на Србија кон ЕУ би помогнало за гарантирање на стабилноста во регионот на долгорочен план, изјавија во Вашингтон српскиот премиер Александар Вучиќ и американскиот заменик претседател Џо Бајден.

Бајден ја истакна стратешката важност на напорите на Србија за постигнување на помирување на Балканот, вклучително преку дијалогот со Косово со посредство на ЕУ, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Вучиќ и Бајден разговараа и за интеграцијата на Србија во ЕУ, изразувајќи согласност дека влезот на Србија во ЕУ би гарантирал долгорочна стабилност не само на Србија, туку и на регионот. (Крај)

извор: ТАСС фото: архива