Софија, 3. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Бегалците ќе имаат право да бараат работа, додека добијат решение за меѓународна заштита, одлучија пратениците на бугарскиот парламент, изгласувајќи промени во Законот за бегалците.
Пратеникот на Патриотскиот фронт Емил Димитров се спротивстави на одлуката.
– Не може било кој да дојде и да прави што сака. Некој странец кој дошол во Бугарија, не може само затоа што е болен или припаѓа на некоја ранлива група, автоматски да добива некаков статус, коментира Димитров.
Според него, ако Европа финансира некој фонд специјално за бегалци тоа би било добро, но во никој случај не треба да се трошат бугарските фондови. (Крај)
извор: БНР фото: архива







