Охрид, 3. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Делови од Охрид и неколку околни села денеска без вода.
– Поради настанат дефект на водоводната мрежа со пукната цевка, денес повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Јордан Мијалков“ и селата Лескоец, Велгошти и Горно Лакочереј, информираат од охридски „Водовод“.
Нивни екипи се на терен до целосно завршување со санацијата. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







