January 25, 2017

Брисел, 25. јануари 2017 (ИНПРЕС) – Лидерите на Србија и на Косово по состанокот во Брисел се договорија на натамошни разговори на високо ниво за нормализирање на односите по тензиите во изминатиов период.

– Се договоривме да го продолжиме дијалогот на високо ниво во наредните денови. Ќе се обидеме да ги намалиме тензиите меѓу двете страни, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ по средбата.

Пред состанокот, косовскиот претседател Хашим Тачи го обвини Белград дека се обидува да го дестабилизира Косово со цел да ја преземе контролата врз северниот дел на Косово. (Крај)

извор: Р.С.Европа фото: Р.С.Европа