Белград, 9. октомври 2014 (ИНПРЕС) – На 20-ти октомври главниот град на Србија, Белград, одбележува 70-годишнина од ослободувањето.
Народноослободителната војска на Југославија и на Црвената армија по неколку дена на борбите, го ослободиле Белград на 20 октомври 1944 година. Народно ослободителните борби кои се воделе во Белград, се една од главните карактеристики на операцијата за ослободување на тогашна Југославија.
Во борбите загинаа речиси 4.000 војници на Црвената армија и на Народноослободителната војска на Југославија.
По повод ослободувањето на Белград, на 12-ти октомври ќе биде отворена изложба во организација на Историскиот архив на Белград. Оваа поставка преку документи на Историскиот архив на Белград ги опфаќа сите важни аспекти на настаните од октомври 1944 година и борбата за ослободувањето на главниот град. (Крај)
извор: Танјуг фото: архива







