Атина/Берлин, 14. јули 2015 (ИНПРЕС) – Поради драстичната промена во текот на преговорите со лидерите од еврозоната, грчкиот премиер се соочува со бунт во сопствената партија СИРИЗА. Тој дури дискутира и за варијанти за оставка.
Тоа го пишува германскиот таблоид “Билд”, кој предвидува дека оставката на Ципрас може да се случи на крајот на оваа недела.
Грчкиот премиер во моментов се соочува со тешката битка за добивање поддршка од коалициските партнери за постигнатиот договор со лидерите од еврозоната за спасување на Грција.
Министерот за енергетика Панајотис Лафазанис, кој го претставува левото крило во СИРИЗА, го дефинира како неприфатлив договорот со еврозоната. (Крај)
извор: novinite фото: архива