Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Бистата на Славко Јаневски во Струга беше осквернавена и во 2021 година

Бистата на Славко Јаневски во Струга беше осквернавена и во 2021 година

Бистата на Славко Јаневски во Струга беше осквернавена и во 2021 година

Струга, 20. април 2023 (ИНПРЕС) – По објавата дека бистата на македонскиот поет Славко Јаневски е исчезната од постаментот во Алејата на поетите на кејот на истекот на Црн Дрим, да се потсетиме дека ова не се случува прв пат.

Имено, бистата на Јаневски како и на Анте Поповски беа вандализирани и во октомври 2021 година.
Бистата на Поповски беше фрлена во водите на Охридското Езеро, додека, онаа на Јаневски беше оштетена и свртена наопаку на постаментот.

Последниот случај е пријавен во Полициската станица во Струга од страна на директорот на Струшките вечери на поезијата (СВП), Тодорче Тасевски.

Можно е да е слика од споменик, трева и текст кој вели „славко“

– Најостро го осудуваме вандалскиот чин на кражба на бистата на нашиот истакнат поет Славкко Јаневски како и обидот за кражба на бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин. Настанот е пријавен во полиција од која очекуваме да ги пронајде и да ги казни сторителите на овој вандалски чин. Бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин ќе бидат превентивно и привремено дислоцирани за да се извршат потребните технички зафати за нивно поцврсто фиксирање на постаментите за да се оневозможат ваквите вандалски чинови, додава директорот Тасевски.

Од фестивалската управа апелираат до сите граѓани и почитувачи на поезијата да помогнат со информации во однос на сторителите и пронаоѓањето на бистата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Зголемен водостојот на Охридското Езеро, ама и понатаму е под месечниот просек
Next Државата дава по 80 илјади денари за фотонапонски централи во домаќинствата, 20.000 денари за ПВЦ прозорци и 15.000 денари за сончеви колектори

Слични вести

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст? Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?
1 min read

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид
1 min read

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото) Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)
1 min read

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.