Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • БиХ наскоро ќе поднесе барање за членство во ЕУ

БиХ наскоро ќе поднесе барање за членство во ЕУ

1 min read

Сараево, 10.октомври 2015 (ИНПРЕС) – Босна и Херцеговина планира да поднесе барање за полноправно членство во Европската унија кон почетокот на 2016 година, беше соопштено на состанокот на членовите на Претседателството на БиХ со високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ Валентин Инцко.

Членовите на Претседателството го повторија ставот дека Претседателството е усогласено во носењето на одлуката која е од интерес за напредокот на БиХ и за исполнување на условите за предавање на барањето за членство во Унијата.

На средбата доминирале теми врзани за политичко-економската ситуација во земјата, а разменети се и мислења за активностите за исполнување на условите за интеграција на БиХ во ЕУ и НАТО, пренесува Фена.

Констатирано е дека постои јасно определување на Претседателството на БиХ да се работи на унапредување на политичко-економската ситуација во земјата.(Крај)

извор:МИА фото:архива

Post navigation

Previous Во две страотни експлозии во Анкара десетици повредени
Next Турција прогласи тридневна жалост, 95 загинати и 245 повредени по експлозиите

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.