July 18, 2015

Софија, 18. јули 2015 (ИНПРЕС) – Има апсолутни гаранции дека Бугарија нема шанси да загуби, да плати или да извади од сопствениот буџет за спасување на Грција, изјави премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, обраќајќи се кон парламентот по повод планот за градење мостови за финансирање на Грција и учеството на Бугарија.

Тој прецизираше дека позицијата на Бугарија за време на состанокот на министрите за финансии, каде што бил предложен овој механизам, била против.

– Стравот на сите е дека дури и давајќи ги овие 7 милијарди евра, и иако грчкиот парламент ги усвои сите услови, се надевам дека ќе можат да ги исполнат тие услови, рече Борисов. (Крај)

извор: focus-news фото: архива