May 11, 2015

Софија, 11. мај 2015 (ИНПРЕС) – Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека македонскиот премиер Груевски треба да даде оставка.

Борисов го испраќа овој совет до Груевски за да може ситуацијата во Македонија да се стабилизира.

– Јас дадов личен пример како се прави тоа кога имате недоверба поради една или друга причина. Така се враќа довербата, изјави Борисов за бугарските медиуми потенцирајќи дека за време на неговиот прв мандат тој поднесе оставка поради протестите на граѓаните.

– Македонија е многу важна држава за нас и службите постојано ме информираат околу тоа што се случува. Сега ситуацијата е посмирена, изјави Борисов изразувајќи сочувство за загинатите на време на судирот во Куманово помеѓу полицијата и вооружената група.

– Многу е важно да има политичка стабилност. Овие жртви се резултат на поделбите и проблемите во Македонија, изјави Борисов. (Крај)

извор: Тв Нова фото: архива