January 16, 2015

Софија, 16. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Политиката на Бугарија кон Македонија останува непроменета и константна. Повеќепати сме изјавувале дека ја поддржуваме нејзината интеграција во ЕУ и НАТО, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Борисов потсетил дека Бугарија е подготвена да даде поддршка на Македонија за евроинтеграциите.

– Јасно покажавме дека очекуваме од Македонија да ги исполни критериумите и условите за членство, вклучувајќи го и принципот за добрососедство, изјави Борисов.

Според неговите зборови, Бугарија ќе продолжи да инсистира на потпишување на договор за добрососедство.

– Договорот не претставува никакво дополнително барања кон Македонија и ќе даде правно-обврзувачка сила на политичкиот аранжман, посочил Борисов. Како позитивен пример бугарскиот премиер ја посочи програмата за прекугранична соработка, изразувајќи надеж дека таа ќе продолжи и во иднина. Тој уште истакнал дека очекува во наредните недели да има средби на високо ниво меѓу претставници на двете страни. (Крај)

извор: Фокус фото: архива