Сараево, 5. декември 2015 (ИНПРЕС) – Босанските муслимански интелектуалци, политичари и религиозни лидери, упатија заеднички повик против исламскиот екстремизам и радикализирањето на муслиманската заедница и изразија одлучност да го заштитуваат умерениот ислам во БиХ, пренесе БТА.
Повикот беше упатен три седмици по нападите во Париз, во кои загинаа 130 лица. Пет дена подоцна исламист застрела со автоматско оружје двајца босански војници.
– Треба одново да ја штитиме нашата религија, нашата култура, нашата држава и нашите вредности, оние на умерениот ислам. Се спротивставуваме на секаква форма на радикализам, на насилен екстремизам и на тероризам, изјави политичкиот лидер на босанските муслимани Бакир Изетбеговиќ.
Во декларација, усвоена по средбата на околу 40 муслимански високи претставници во Сараево, учесниците, меѓу кои босанскиот муфтија Хусеин Кавазовиќ, бараат властите да се спротивстават на екстремистите. (Крај)
извор: BTA фото: архива







