Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Босна добива закани од ИСИС

Босна добива закани од ИСИС

1 min read

Сараево, 19.август 2015 (ИНПРЕС) – Исламска држава ѝ испратила заканувачка порака на Босна и Херцеговина, објавена на порталот Сабља истине, кој вчера бил блокиран, пренесува хрватски Индекс.

Порталот почнал да ги објавува пораките на ИСИС откако бил урнат сајтот Вијести Уммета, кој објавил фотографија од наводната егзекуција на киднапираниот Хрват Томислав Салопек и напишал дека „така завршува секој што си игра со Исламска држава“.

-Наскоро ќе има многу за објавување кога заспаните ќелии и борците на Исламска држава почнат да работата во БиХ и пошироко на Балканот. Не сте ни свесни што ви се подготвува. Наскоро ќе ве погоди голема трагедија, ин шаа Алах. Му благодариме на Алах кој им помага на своите искрени робови муџахидите“, ја пренесува пораката босанскиот портал Дневни лист.

Додека не бил урнат пред неколку дена, порталот Вијести Уммета редовно ги објавувал заканите и најавите на Исламска држава.

Терористичката организација пред неколку дена му се заканила и на главниот уредник на порталот Саф Езхер Бегановиќ со отсекување на главата.

И во мај годинава и во БХРТ (радиотелевизијата на БиХ) пристигнала порака со заканувачка содржина.

-Знајте дека во Босна пристигна Исламска држава и дека наскоро ќе летате во воздух и дека наскоро ќе исчезнувате сѐ додека знамето на ИСИС не се вее низ Босна. Зората на исламот пристигна, бидете уверени во тоа, гласела пораката. (Крај)

извор:Индекс фото:архива

Post navigation

Previous Пожар дивее на Родос
Next Хрватска не е подготвена да го прими напливот на бегалци

Слични вести

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
1 min read

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.