Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Бренд амбасадорот на Видеолотарија Касинос Австрија, Кире Лазаров спортуваше со најмладите во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид

Бренд амбасадорот на Видеолотарија Касинос Австрија, Кире Лазаров спортуваше со најмладите во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид

Охрид, 18. август 2023 (ИНПРЕС) – Под слоганот „Спортувај со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија заедно со своите бренд амбасадори иницира спортски натпревари за деца, со цел да придонесе кон создавање на спортска култура од најмали нозе.

По првиот настан во Свети Николе, новиот беше реализиран во Охрид. Минатата година, во Охрид, со донација од Видеолотарија Касинос Австрија, беше реконструирано игралиштето во Основното училиште „Христо Узунов“, на кое може да се игра ракомет, кошарка, фудбал. Децата на ова игралиште, играа ракомет заедно со нашиот бренд амбасадор, Кире Лазаров.

– Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики. Јасно е дека децата мора да имаат простор каде може да уживаат во безгрижно детство, па затоа и одлучивме да го подготвиме овој амбициозен проект низ кој ќе обезбедиме децата да добијат повеќенаменски и спортски игралишта на неколку локации во земјата. Покрај создавањето инфраструктура, заедно со нашите бренд амбасадори, со спортски настани низ Македонија, ќе ги поттикнеме децата да спортуваат и да ја негуваат спортската култура, потенцираат од Видеолотарија Касинос Австрија.

Додаваат дека со реализација на овие настани, ги остваруваат општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охрид најубав: 18. август 2023 година
Next SUPER Fresh music: Jessie Ware & Róisín Murphy – Freak Me Now

Слични вести

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок? Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?
1 min read

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга „Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.