February 23, 2024

Охрид, 23. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Деновиве во каналот „Студенчишта“ делумно е изваден на копно бродот „Christina Royal“.

Читатели на InPress до нашата редакција испратија фотографии. Контактиравме со надлежните од бродот и ни кажаа дека тоа е направено заради редовна регистрација на пловилото.

– Вршиме замена на пропелерот и ќе дојдат стручни лица за регистрација на бродот, доаѓаат од Белград и Франција. Заради тоа бродот мора да биде изваден, го проверуваат, ги мерат сите способности… стандардна постапка за регистрација што се прави на три години, изјавија за Супер радио и OhridPress од бродот „Christina Royal“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес