Софија, 15. јануари 2016 (ИНПРЕС) – Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека владата ќе предложи нов проект за пренос на гас од Русија и други области кон Европа, соопштува азербејџанската агенција APA.
– Јужен поток е минато. Сега разгледуваме можност за изградба на дистрибуција на центар за гас “Балкан”, изјави Борисов пред парламентот во Софија.
Дистрибуција ќе може да добива гас и од Азербејџан преку гасоводот ТАНАП, кој во моментов се гради. (Крај)
извор: BTA фото: архива







