Анкара, 25. ноември 2015 (ИНПРЕС) – Конфликтот меѓу Москва и Анкара ќе влијае на економската ситуација во регионот и може да доведе до нов бран бегалци, изјави амбасадорот на Бугарија во Турција, Надежда Нејнски.
– Опасноста за Бугарија од ескалација на руско-турските односи се заклучува во можното зголемување на брановите бегалци, изјави Нејнски.
Таа истакна дека за решение на конфликтната ситуација меѓу двете земји, која настанала поради соборениот руски авион Су-24, е дијалог и дипломатски пристап. (Крај)
извор: BTA фото: архива
