March 15, 2015

Рим, 15. март 2015 (ИНПРЕС) – Грчката влада е подготвена да го одложи спроведувањето на одредени изборни ветувања за да ја врати довербата кај европските партнери, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.

– Ние не сме популисти, не ветивме неостварливи работи, изјавил Варуфакис на затворената седница на економските и финансиски високи функционери органзирана во Чероби, на северот на Италија.

– Подготвени сме да ја одложиме за подоцна примената на дел од изборните ветувања, ако се покаже дека е потребно за да ја повратиме довербата од нашите партнери, додал Варуфакис, кој не прецизирал на кои ветувања мисли.

Според него, владата има програма од четири години и сака до крај да го отплати својот долг, но бара од своите партнери да и помогнат за да заживее економијата во земјата.

– Колку што ќе биде побрза стабилизацијата на нашата економија, толку побрз ќе биде ритамот на отплатата, истакнал грчкиот министер. (Крај)

извор: АФП фото: АП