Белград, 26. ноември 2015 (ИНПРЕС) – Во Србија има 608 вахабисти, a десетина од нив се набљудуваат од страна на службите за безбедност.
Ова го потврди претседателот на парламентарната комисија за контрола на безбедносните служби Миомир Стојановиќ, пренесе српската агенција Beta.
Според Стојановиќ, службите немаат информации дека вахабистите во земјата подготват или закажале некој терористички напад во Србија. Вкупно 70 од нив се бореле на страната на “Исламска држава”. (Крај)
извор: Beta фото: архива
