Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вевчани подготвено, започнува Вевчанскиот карневал

Вевчани подготвено, започнува Вевчанскиот карневал

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Вевчани, 12. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Сé е подготвено за годинашното издание на традиционалниот Вевчански карневал, каде вевчанци преку маските со векови наназад „го бркаат злото”.

Годинашниот слоган е „Спремете ги суратите“. Музичката програма започнува уште вечерва, од 18:00 часот со настап на рок и поп-бендовите: ГИГ ОФФ (Сашко Гигов-Гиш и пријателите), Венко Серафимовски и Прпл цепелин, реге-бендот – БРУКА, ДНК, Ласт експедишн, Фиц и Студени нозе.

Маските по традиција се чуваат во тајност, сé до дефилето на двете василичарски друштва Горна и Долна маала, што ќе се одржи утре. Вечерта ќе настапат Баклава, Банда Ентопика од Грција, Нино Величковски и Кумановските тамбураши, Некст тајм и локалниот уметник Перо Бели.

Манифестацијата завршува в сабота, со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.

Вевчанскиот карневал, според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски. Тој е еден од најпознатите брендови на Република Македонија од овој вид, кој традиционално се одржува на 12-ти, 13-ти и 14-ти јануари. Така е со векови, а можеби и со милениуми, една од најстарите традиции на Македонија и Вевчани која се претпоставува дека има континуитет најмалку 1.500 години. Постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2.200 години. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи. Традиционално, учесниците се обидуваат да избегнат воведување на современи карневалски елементи, но веќе години наназад има и богата музичка програма. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Изработена дигитална мапа за појасите на трска долж охридското крајбрежје
Next Вевчани пулсира во знакот на традиционалниот карневал

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.