May 23, 2016

Белград, 23. мај 2016 (ИНПРЕС) – Изминатата вечер, почина еден од најпознатите Екс-ЈУ актери Велимир Бата Живојиновиќ.

Toj е роден во 1933 година во близина на Белград, во местото Кораќица. Актерската кариера ја започнал со своето деби на филмското платно во 1955 година. Има глумено во повеќе од 280 филмови и ТВ серии. Со своите улоги стекна огромна популарност во сите балкански земји, а особено во оние од поранешна Југославија. Неговата слава вистински ја опишува неговата популарност во Кина, каде е неколку пати прогласуван за најпопуларен актер. Без конкруенција се смета за најголем српски актер со најмногу улоги.

Почина на 83 годишна возраст, во сон, како последица на неколкуте болести од кои боледуваше, во болницата „Св.Сава“ во Белград. (Крај)

извор: МИА фото: Скопје Инфо