Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Венизелос – Ако сака во ЕУ, Турција да го признае Кипар

Венизелос – Ако сака во ЕУ, Турција да го признае Кипар

1 min read

Брисел, 25. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Турција мора да го признае Кипар, ако сака да се приклучи кон ЕУ, изјави грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос.

Изјавата Венизелос ја даде на средбата на земјите од Еврозоната во Брисел, каде Грција ги претставува и интересите на Кипар поради отсуството на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, кој е хоспитализиран.

– Турција мора да ги признае сите земји-членки на ЕУ, ако планира да се приклучи кон Унијата, конкретно – Кипар. Анкара мора да ги почитува меѓународното право и да ги почитува суверените права на Кипар. Не може една земја да се стреми да стане членка на ЕУ без да ги признава сите 28 земји-членки на Унијата, истакна Венизелос.

Турција не го признава постоењето на Кипар како држава. Како одговор на тоа Кипар го блокира процесот на пристапување на Турција во ЕУ. Пред да биде примен во болница, кипарскиот претседател Анастасиадис планираше да поднесе жалба против активностите на Турција која започна сеизмички истражување во економската зона на Кипар.

Жалби ќе бидат поднесени и до Агенцијата на ОН за океански прашања и поморско право, до Меѓународната морска организација и најверојатно до Советот за безбедност на ОН.

– Кипар ќе преземе мерки пред меѓународните организации кои ќе ја принудат Турција да ја плати цената на овие нелегални дејства, изјави портпаролот на кипарскиот претседател. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Post navigation

Previous Големи поплави во Словенија, поплавени 900 станбени објекти
Next Поројните дождови предизвикаа хаос во Атина

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.