September 22, 2014

Атина, 22. септември 2014 (ИНПРЕС) – Атина била предупредена од американските власти дека на грчка територија се обучуваат екстремисти, пишува грчки „Катимерини“.

Оваа информација беше негирана од страна на грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос.

– Не сме добиле такво предупредување. Имаме тесна соработка со американската администрација и со сите другу сојузници, истакна тој. Со овие зборови Венизелос го коментираше тврдењето дека ЦИА и соопштила на официјална Атина за седумте лица со грчко потекло кои се бореле во странство како џихадисти. Грчката полиција исто така ги отфрли тврдењата дека на територијата на земјата се обучуваат џихадисти.

По вчерашната средба со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, шефот на грчката дипломатија изјави дека земјата ќе ја поддржи борбата соИсламската држава“, која веќе контролира значителен дел од територијата на Ирак и Сирија и претставува закана, особено за регионот на Блискиот Исток. (Крај)

извор: Катимерини фото: архива