September 9, 2015

Загреб, 9. септември 2015 (ИНПРЕС) – Едно лице загинало а уште едно е повредено во страшна сообраќајна несреќа која вчера пред полноќ се случила на автопатот А1 во Хрватска.

Според информациите кои ги објавуваат хрватските медиуми, во сообраќајната несреќа учествувале 3 камиони при што починало едно 48 годишно лице а уште едно се здобило со тешки повреди и итно е префрлено во болница. Нема информации за неговата состојба.

Поради попреченоста на камионите на патот, неколку часа сообраќајот бил во прекин. (Крај)

извор: а1он фото: архива