Охрид, 29. јули 2023 (ИНПРЕС) – На плоштадот кај Долна Порта, во центарот на Охрид, вечерва од 19:00 часот по вторпат се одржи настанот „Вкусете го Охрид – локално“.
– Посетителите ќе може да вкусат охридски специјалитети приготвени на традиционален начин. Slow food Ohrid е дел од Slow food Macedonia и преку своите уникатни приказни полни со искрена љубов кон традицијата и локалниот идентитет, промовираат бавна храна наспроти трендот на брза неквалитетна храна. Slow food замислува свет во кој сите луѓе ќе можат да уживаат во храна која е добра за нив, добра за оние кои ја одгледуваат и добра за планетата. Нашиот пристап се заснова на концепт за храна што е дефиниран со три меѓусебно поврзани принципи: добра, чиста и правична, порачуваат организаторите.
Настанот е организиран од движењето Slow food Ohrid со поддршка на Општина Охрид и Slow food Macedonia.
извор: ИнПрес фото: архива

