Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вечерва започнува јубилејното 70. издание на изборот за песна на Евровизија

Вечерва започнува јубилејното 70. издание на изборот за песна на Евровизија

1 min read
Вечерва започнува јубилејното 70. издание на изборот за песна на Евровизија

Виена, 12. мај 2026 (ИНПРЕС) – Со првото полуфинале, вечерва во Виена започнува јубилејното 70. издание на изборот за песна на Евровизија.

По победата на Џеј-Џеј со „Wasted Love“ минатата година, Австрија доби „виза“ да по трет пат да го организира изборот.

Вечерва ќе настапат претставниците на 15 земји, меѓу кои Шведска, Финска, Србија, Полска, Грција и Израел. Прва е Молдавија со Сатоши и песната „Viva, Moldova!“, а последни претставниците на Србија, групата „Лавина“ и песната „Крај мене“. Од земјите од соседството ќе настапат Грција, Хрватска и Црна Гора, земја повратник на Евросонг.

Полуфиналната вечер ќе ја отвори легендарната Вики Леандрос со изведба на „L’amour est bleu“, песната со која Луксембург победи на Евровизија во 1967 година. Организаторите најавуваат и специјални интервални настапи, акробатски перформанси и музички сегменти инспирирани од австриската култура. Водители ќе бидат австриските телевизиски ѕвезди Викторија Сваровски и Михаел Островски, додека од т.н.зелена соба ќе известува Емили Басвајн.

Годинашното издание, иако Евровизија традиционално се претставува како музички и неполитички настан, е обележано со сериозни контроверзии поврзани со учеството на Израел и војната во Газа. Пет земји – Исланд, Ирска, Холандија, Словенија и Шпанија одлучија да ја бојкотираат Евровизија 2026 во знак на протест поради дозволата Израел повторно да учествува на натпреварот. Ова е најголем бојкот во историјата на Евросонг уште од 1970 година.

Во четврток е второто полуфинале, а финалето е во сабота. Трите евровизиски вечери ќе се одржат во арената „Винер Штадхале“, една од технички најамбициозните во историјата на натпреварот. Почетокот е во 21:00 часот, а МТВ и Македонското радио ќе вршат директен пренос. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охрид домаќин на студентската конференција СЕРВЕКО 2026
Next Набавена опрема за ЈП „Водовод“ Охрид

Слични вести

Охридскиот композитор Гоце Гавриловски со специјална композиција по повод јубилејот на „Трио Академико“ Охридскиот композитор Гоце Гавриловски со специјална композиција по повод јубилејот на „Трио Академико“
1 min read

Охридскиот композитор Гоце Гавриловски со специјална композиција по повод јубилејот на „Трио Академико“

Здравје: Кардиолог открива која положба на спиење го оптоварува срцето Здравје: Кардиолог открива која положба на спиење го оптоварува срцето
1 min read

Здравје: Кардиолог открива која положба на спиење го оптоварува срцето

Набавена опрема за ЈП „Водовод“ Охрид Набавена опрема за ЈП „Водовод“ Охрид
1 min read

Набавена опрема за ЈП „Водовод“ Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.