Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вечерва промоција на стихозбирката „Празно место“ од Снежана Стојчевска

Вечерва промоција на стихозбирката „Празно место“ од Снежана Стојчевска

1 min read

Охрид, 23. август 2023 (ИНПРЕС) – Вечерва од 19:00 часот во КИЦ „Култура 365“ ќе се одржи промоција на стихозбирката „Празно место“ од поетесата Снежана Стојчевска.

Промотор на книгата ќе биде Марина Икономова Шокева, а организатор на настанот е здружението „Креативна верига“.

Снежана Стојчевска (1980) дипломирала на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје. Застапена е во повеќе антологии и книжевни списанија. Ги има објавено следниве книги: „Шеќер по подот“ (2012, ИЛИ-ИЛИ), „Под нулата“ (2013, награда „Бели мугри“ што ја доделува Домот на културата Кочо Рацин – Скопје), „Модри фантазии“ (2015, Темплум), „Треба да е лесно“ (2017, Антолог), „Ќе се завијам во песни“ (2019, МИ-АН) и „Празно место“ (2022, Современост).
Од почетокот на 2018 година е ангажирана како извршен уредник на списанието за литература, култура и уметност „Современост“. Истата година станува дел од европската платформа „Версополис“. Во 2019 се јавува како приредувач и уредник на арт-панорамата „Допир“, во издание на Арт Еквилибриум, Гевгелија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Беше дел од организацискиот одбор на првото издание на Скопскиот поетски фестивал (2021).

Од април 2022 година ја извршува функцијата директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охрид домаќин на екипниот шампионат на Република Македонија во шах
Next Во Охрид денес претпладне сончево и топло време со температура до 33. степени, попладне услови за пороен дожд и грмежи

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.