Белград, 7. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Државниот секретар на САД Џон Кери испратил писмо за поддршка за членството на Косово во УНЕСКО, пишува српскиот весник Вечерње новости.
Според изданието овој документ за Приштина пристигна ден пред состанокот на Извршната комисија на УНЕСКО и недела пред разгледувањето на барањето на Косово за членство. Писмото на Кери дополнително ја усложнува позицијата на Белград, за да се блокира одлуката.
– Косово е докажан партнер на меѓународната заедница во борбата против насилниот екстремизам и поради оваа причина е важно членството на Косово во УНЕСКО. САД како пријател и партнер на Косово соработува активно со останатите партнери за членство на Косово во оваа организација, се вели во писмото на Кери. (Крај)
извор: Вечерње Новости фото: архива







