Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • „Вечерње новости” – Хашим Тачи е шеф на косовската мафија

„Вечерње новости” – Хашим Тачи е шеф на косовската мафија

Белград, 1. август 2014 (ИНПРЕС) – Тајните служби потврдија дека премиерот на Косово Хашим Тачи е мафијашки бос, пишува српскиот весник „Вечерње новости”.

– Извештајот на специјалниот обвинител на ЕУ за киднапирањата, убиствата и трговијата со човечки органи Клинт Вилијамсон ја потврди тезата од пред 4 години на специјалниот известувач Дик Мартин, дека Тачи е мафијашки бос и целиот свет го знаел за тоа, но не е пројавена желба за справување со него, пишува весникот.

Како што напиша Марти, аналитичарите на НАТО и службите на најмалку 4 држави добиле информации за злосторства, зад кои стои Тачи.

– Во извештаите на германското разузнавање БНД, италијанската СИСМИ, британската МИ6 и грчките разузнавачки служби, косовскиот премиер се смета за најопасниот „шеф на мафијата” на Ослободителната војска на Косово (ОВК), наведува Марти.

Информациите најчесто водат кон „Групата од Дреница” на Тачи, која имала главна улога во различни криминални активности. Покрај тачи, во групата биле и Џавит Халити, Истрели Весели, Азем Сила и Фатмир Лимај.

Изворите на Дик Марти тврдат дека Халити, Весели, Сила и Лимај, но и Хашим Тачи и други членови на „Групата од Дреница“ им давале наредби, а понекогаш сами организирале убиства, апсења и тепања во различни делови на Косово и спроведувале операции во Албанија во периодот меѓу 1998 и 2000 година. (Крај)

извор: Вечерње новости фото: архива

Post navigation

Previous Вонредна состојба во 5 општини во Србија
Next Вучиќ – Ако не успееме ќе ја напуштам политиката

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.