Охрид, 6. април 2023 (ИНПРЕС) – В сабота, 8-ми април, во рамки на 23-то коло во втората македонска лига ќе се одигра „езерското“ фудбалско дерби помеѓу екипите на Охрид Лихнидос и Караорман.
„Паткарите“ ќе бидат домаќини на „рибарите“. Натпреварот ќе се одигра на стадионот на ФК Краорман со почеток во 15:00 часот.
– Натпреварот што го чекаме повеќе од 20 години конечно е пред нас! Време е за најголемиот спектакл виден во нашата историја. Биди и ти дел од охридската флота што ќе заплови кон Струга. Собирот ќе биде во сабота во 12:00 часот на градскиот плоштад, велат навивачите.
Охридските фудбалери и натаму се седми на табелата со 33 бодови. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива