Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Викендов започнува летното сметање на времето

Викендов започнува летното сметање на времето

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 21. март 2023 (ИНПРЕС) – Претстојниов викенд започнува летното сметање на времето.

Вечерта помеѓу 25-ти и 26-ти март (сабота спрема недела) во 02:00 часот наутро стрелките на часовникот треба да се поместат еден час напред, со што времето во 02:00 ќе се смета како 03:00 часот.

Летното сметање на времето или летно време е договорено правило за пометување на часовниците така што попладнето да има повеќе дневна светлина, а за сметка на тоа утрата да бидат пократки. Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред на пролет, а да се враќаат еден час наназад на есен. Овој систем е предложен во 1905 година од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 година.

Европската комисија, по јавни консултации и стручни анализи во септември 2018 година, презентираше предлог за ставање крај на сезонските промени на часовникот. За време на јавната дебата во ЕУ, во која учествуваа околу 4,6 милиони граѓани, 84 проценти се заложија за укинување на поместувањето на часовниците двапати годишно, а 16 проценти сакаа да ја задржат оваа практика.

Предлогот на Европската комисија да се запре сезонското поместување на часовникот беше поддржан и од Европскиот парламент во 2019 година, но за предлогот да стапи на сила, тој мора да ја почека одлуката на Европскиот совет, за која сè уште не е јасно кога ќе биде донесена. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Се замрзнуваат цените на оризот и јајцата, кај шеќерот и брашното засега без интервенции
Next Светски Ден на Дауновиот синдром

Слични вести

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија
1 min read

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.