Охрид, 17. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Во сабота и недела во Охрид ќе се одржи Lychnidos Cup 2026, изложби на кучиња.
– Два дена, топ кучиња елитни судии. Рок за поднесување на пријавите е вечерва на полноќ . Цена за учество е 600 односно 1.200 денари во зависност од возраста расата, додека за караман, македонски царски загар и за македонски паничар учеството е бесплатно велат органзаторите.
Во сабота од 16:00 часот е отворање на канцеларијата а почетокот на изложбата е во 18:00 часот. Во недела пак, изложбата започнува во 10:00 часот.
Настанот ќе се одржи на СРЦ „Билјанини извори“, до тениските игралишта. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
