Скопје, 31. март 2026 (ИНПРЕС) – Влатко Иљачев – Валдера со нова љубовна рок балада насловена „Милион ѕвезди“.
Григор Копров е автор на музиката, текстот е на Ангел Ризов, а аранжманот на Стефан Петновски. Спотот е во негова режија, а го направи со неговиот тим.
„Милион ѕвезди“ е љубовна балада со модерен звук… Поп рок балада каква што одамна не сме слушнале.
– Се пее за љубовта кон жената. Единствената инспирација. А кога станува збор за љубовта кој не би се пронашол во неа, особено ако песната ги доловува сите убви моменти, а во „Милион бакнежи“ тоа го има. Песната веќе ги надмина моите очекувања, има многу прегледи. Ми се јавуваат за да ја пофалат, ја пеат, а тоа за еден пејач е најважно. Значи дека песната допрела до срце кај сите. Мислам дека недостасуваше ваква песна, која се пее и се слуша, бидејќи во неа има што да се слушне, вели задоволно Валдера.
Тој е со музиката уште од мал, тоа е негова љубов, негова определба. Но, и покрај тоа животните предизвици го тераат да направи пауза од девет години. Сега и се врати на музиката така како што треба – целосно посветено. Но, паузата не значеше да биде далеку од музиката, напротив во тие години додека паузирал тој постојано правел песни, а дел од нив ги смести на албумот „Уживам“. На албумот има 13 песни, а од кои 10 се на македонски јазик, една на англиски и една на српски. Ова можеби е првиот албум кој се појави на брендирано УСБ.
Валдера има големи планови, меѓу кои не само подготовка на нови песни, со кои наскоро ќе изненади, но и учество на познати и признати фестивало во и надвор од Македонија. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
