Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Влегол во Северна Кореја и направил фотографии од животот под диктатура

Влегол во Северна Кореја и направил фотографии од животот под диктатура

1 min read

Пјонгјанг, 24.август 2015 (ИНПРЕС) – Американскиот турист Тејлор Пембертон престојувал во Северна Кореја само четири дека, но тоа му било доволно за да направи фотографии каде што може да се види секојдневниот живот во оваа затворена земја.

Неговата посета била строго контролирана, а тоа не е чудно бидејќи Американци не ја посетуваат секој ден Северна Кореја.

Распоредот на пристигнувањето и заминувањето бил однапред одреден, а од хотелот не смеел да излезе порано без државен службеник кој постојано го прател. Но кога службеникот не гледал 26-годишниот Пембертон од Минеаполис успеал да направи неколку фотографии што ги објавил на Инстаграм.

По објавувањето на фотографиите за неговата посета во Северна Кореја се распишале светските медиуми. Американецот опишал дека влезот во Северна Кореја не бил никаков проблем, добил туристичка виза и тргнал во разгледување.

Американецот повеќе имал проблем со себе, зошто не бил сигурен колку е морално исправно да се оставаат пари во земјаташто се наоѓа под диктатура што тој не ја поддржува.

Освен тоа не му било баш пријатно кога службеникот кој го прател постојано му одредувал во кое време ќе оди во кревет, а исто така имал потешкотии на локалното население да им објасни што е тоа интернет. Многумина за прв пат го слушале тој збор.

Нагласил дека е забрането да се снима војската, а додека правел фотографија од огромниот споменик на Ким Сунг и Ким Јонг Ил не забележал дека пред него се наоѓаат војници. Фотографијата ја објавил на Инстаграм, каде повторил дека е забрането да се фотографираат војници, но и додал дека сакал да го долови вистинскиот живот во Северна Кореја.(Крај)

извор:МКД фото:архива

Post navigation

Previous На само 30-тина километри од Скопје се наоѓа престолнина на Џихадистите
Next Меркел и Оланд денес во Берлин ќе бараат решение за мигрантската криза

Слични вести

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија
1 min read

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.