Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ укинува паралелки, па глуми загриженост за реконструкцијата на Гимназијата

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ укинува паралелки, па глуми загриженост за реконструкцијата на Гимназијата

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 24. август 2023 (ИНПРЕС) – На СДСМ им пречи тоа што со Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот д-р Кирил Пецаков се инвестира во образованието и се создаваат добри услови за работа за учениците и наставниците, реагираат на изнесеното во последното соопштение до јавноста на ОО на СДСМ од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Лицемерни душегрижници од СДСМ, немате никакво право да зборувате за културно-историските споменици кои ги доведовте до уништување и распаѓање. Од една страна укинувате паралелка во Гимназијата, а од друга страна глумите лажна загриженост за градежните зафати во училиштето. Откако со вашето катастрофално раководење ја разнебитивте Гимназијата сега се дрзнавте неосновано да критикувате за столбовите и оградата. Целосната реконструкција на Гимназијата е доказ за вашето неработење и дека ништо не сте сработиле за 4 години додека бевте локална власт и речиси 8 години што сте централна власт.
Кажете барем една работа што сте ја направиле за Гимназијата? Вие, кои додека бевте на власт, училниците ви прокиснуваа и ви се урна дел од таванот. Вие, кои излажавте за реконструкција на подовите и кратевте средства за санација на покривот во Гимназијата. Фотографиите го покажуваат срамот кој го оставивте за Гимназијата, затоа сега таа го добива најдоброто што го заслужува. Охриѓани гледаат дека ВМРО-ДПМНЕ вложува во образованието, за разлика од времето на СДСМ кога тие годни беа години на уништување и срам за образованието, реагираат од партијата.

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Два дена музичко уживање, време е за Ohrid Jazz Festival
Next Започнува петтиот, Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.