May 16, 2024

Охрид, 16. мај 2024 (ИНПРЕС) – Внимателно доколку патувате кон Скопје и поминувате на планинскиот превој „Стража“, има појава на магла.

Читатели на InPress испратија фотографии од превојот од кои се гледа дека има намалена видливост.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. (Крај)

извор: ИнПрес/АМСМ фото: ИнПрес