Струга, 16. август 2023 (ИНПРЕС) – Водата од струшкиот водовод моментално не е за пиење.
Од ЈП „Водовод и Канализација“ Струга информираат дека причина е дефект на водоводна мрежа.
– Работните тимови на претпријатието се на терен за решавање на проблемот. Ги замолуваме сите граѓани да не користат вода до следното известување, стои во соопштението од претпријатието. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







