Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Водени топови ги растераа учесниците на Поворката на гордоста во Истанбул

Водени топови ги растераа учесниците на Поворката на гордоста во Истанбул

Истанбул, 29.јуни 2015 (ИНПРЕС) – Турската полиција со водени топови и гумени куршуми ја растерала масата која вчера се собра во центарот на Истанбул на годишната Поворка на гордоста.

Сé уште не е јасно зашто полицијата се решила да ја запре поворката бидејќи ваквите паради се одржуваа и претходните години во Истанбул, и не беа проследени со големи проблеми, забележуваат медиумите. Според процените, истанбулската Поворка на гордоста е најголемиот геј настан во муслиманскиот свет.

Меѓутоа, годинава одржувањето на геј парадата се совпадна со светиот месец Рамазан, што се претпоставува ги вознемирува конзервативните муслимани во Турција.

Турската приватна новинска агенција Доган објави дека полицијата веднаш по почетокот на собирањето на масата ѝ порачала да се разотиде и дека нема да ја дозволи поворката. Според репортерот на агенцијата, изгледа дека полицијата се обидува на секој начин да спречи поголем собир во близина на историскиот плоштад Таксим, кој стана традиционално собиралиште на демонстрантите, а во 2013 година беше во центарот на вниманието во антивладините неколку неделни протести.

Хомосексуалноста во Турција не е криминализирана, за разлика до другите муслимански земји, но хомофобијата и натаму е многу раширена, коментира Ројтерс.(Крај)

извор:Макфакс фото:Макфакс

Post navigation

Previous Денеска во Брисел преговори меѓу Белград и Приштина
Next Грчкиот претседател Павлопулос го потпиша указот за одржување на референдум

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.