Дебрца, 17. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Водоводната пумпна станица „Свети Еразмо“ од денес па сé до 10-ти февруари нема да работи, информираат од ЈПКД Дебрца.
Оттаму додаваат дека ќе се изведуваат градежни работи и промена на водоводни цевки ф315 во должина од 70метри.
Во овој период водоснабдувањето за жителите од Оровник,Подмоље и Горенци ќе се врши од водоводната пумпна станица Требеништа. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива