Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Водостојот на Охридското Езеро за една недела порасна за 4 сантиметри, но и понатаму е под просекот

Водостојот на Охридското Езеро за една недела порасна за 4 сантиметри, но и понатаму е под просекот

Водостојот на Охридското Езеро за една недела порасна за 4 сантиметри, но и понатаму е под просекот

Охрид, 20. март 2023 (ИНПРЕС) – Иако последнава недела е зголемено за четири сантиметри, сепак и натаму нивото на Охридското Езеро е далеку од просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,25 м.н.в, што е за 24 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,49 м.н.в) и 15 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода 8 степени, што е минимално над просекот за овој период од годината.

Можно е да е слика од календар

Од почетокот на овој месец нивото на водата во Охридското Езеро е зголемено за седум сантиметри.

Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 17. степени.

– Утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во вечерните часови, кога на места ќе бидат пообилни. Потоа следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Утре ќе се замрзне цената на оризот и јајцата
Next Од полноќ се намалуваат цените на бензините и дизелот

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.