Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Водостојот на Охридското Езеро за 6 сантиметри над јунскиот просек

Водостојот на Охридското Езеро за 6 сантиметри над јунскиот просек

1 min read
Водостојот на Охридското Езеро за 6 сантиметри над јунскиот просек

Охрид, 2. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро е во константен пораст и е над просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења, нивото на водата е на кота од 693,71 м.н.в, што е за 6 сантиметри над просечното ниво за јуни (693,65 м.н.в) и 61 сантиметар над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в).

Додека во април хидролошката состојба на езерото не беше задоволителна, со постојан пад во водостојот, во текот на мај се бележеше постепено покачување. Па така за еден месец езерското ниво е повисоко за цели 13 сантиметри.

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе надминува брзина од 60 km/h. Максималната температура ќе се искачи до 23 степени.

– До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град, особено во четврток и во сабота. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, кој утре во западните делови повремено ќе достигнува брзина од 60 km/h, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Охрид авионски се поврзува со Вроцлав и Катовице – летовите почуваат од 7 односно 9 јуни
Next НП Галичица објави ценовник за влез, посета и користење на нивните услуги

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.