Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Водостојот на Охридското Езеро и натаму се намалува, падна под природната кота

Водостојот на Охридското Езеро и натаму се намалува, падна под природната кота

Водостојот на Охридското Езеро и натаму се намалува, падна под природната кота

Охрид, 14. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро падна под природната кота и полека но сигурно се приближува до минимално дозволената.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,15 м.н.в што е за 16 сантиметри под просекот за октомври (693,31 м.н.в), 2 сантиметри под природната кота (693,17 м.н.в) и на само 5 сантиметри над минимално дозволената кота (693.10 м.н.в).

По минималниот раст, изминатава недела со чести осцилации водостојот е намален за цели три сантиметри. Покрај тоа од препознатливиот симбол на градот Охрид, Билјанините извори, и понатаму не истекува вода, а ваквата состојба трае веќе два месеци.

И додека во минатото имаше случаи кога беше надмината и максималната кота од 693,75 м.н.в, сега повторно состојбата е алармантна бидејќи водостојот се доближува до минимално дозволеното ниво. Ваквата состојба трае веќе подолг период и пред се должи на долгиот сушен период, без врнежи од дожд, состојбата со Преспанското Езеро, отвоерноста на портите кај истекот на езерото во реката Црн Дрим…Останува да видиме дали барем во мала мера најавените врнежи од дожд позитивно ќе се одразат на хидролошката состојба на езерото.

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 18. степени.

– Под влијание на влажни воздушни маси, од среда ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе опадне за неколку степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Овој петок детски музички концерт „Хероите на градот“
Next Охридската полиција и денеска на стрелиштето „Бејбунар“ ќе спроведе боево гаѓање

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.