Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Водостојот на Охридското Езеро и понатаму под мартовскиот просек

Водостојот на Охридското Езеро и понатаму под мартовскиот просек


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 7. март 2024 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро и понатаму е под просекот за овој период од годината.

Во однос на минатата недела водостојот е покачен за само еден сантиметар.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е на кота од 693,40 м.н.в што е за 9 сантиметри пониско од просекот за март (693,49 м.н.в) и за 30 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на водата изминатава недела е намалена и сега изнесува 8,5 степени, но сепак е повисока од вообичаената за овој период од годината.

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе се искачи до 11. степени.

– Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб локален дожд. За време на викендот ќе започне да дува јужен ветер и дневата температура ќе биде во пораст. Нови поинтензивни врнежи се очекуваат од понеделник, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Утре на полноќ истекува рокот за собирање потписи за претседателските кандидати
Next Со лични документи со старото уставно име ќе може да се гласа на претстојните избори

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.